Фетел не сакал да биде глупак во дуелот со Хамилтон

816
   

Себастијан Фетел потенцираше дека не сакал да биде глупак и преагресивно да ја брани својата позиција од својот ривал за титула Луис Хамилрон за време на Големата награда на Русија. Германецот преку бокс го мина возачот на Мерцедес, но веднаш беше притиснат и минат од него.

Фетел го блокираше внатрешниот дел пред вториот свиок на патеката каде има силно кочење, нешто од што Луис не беше воодушевен сметајќи дека е двојно менување на правецот. Но, веќе на следниот правец пред 4от свиок од патеката, британецот мина и си ја врати загубената позиција.

Јасно е дека немав идеален излез од вториот свиок поради тоа што пред истиот си ја бранев својата позиција. Потоа беше многу тешко да видам каде е тој и долго време едноставно не го гледав на третровизорите, а потао се што видов беа гумите од неговиот болид.

Знаев дека е некаде таму зад мене и не сакав да бидам целосен глупак и премногу агресивно да ја бранам мојата позиција и да го истуркам надвор од патеката со потенцијално опасен маневар. Сакав да бидам сигурен каде се наоѓа и во одреден момент морав да се откажам и да се предадам.

Помислив дека можеби ќе се вратам на патеката во 4та кривина, но морав да му оставам место на влезот, во спротивност ќе направевме глупост двајцата. Секако дека не бев среќен кога ја загубив позицијата – ја објасни целата ситуација Себастијан Фетел.

Претекнувањето значеше дека Мерцедес може непречано да го премести Хамилтон пред Ботас и да му подари титула, со што предноста во проедокот би се зголемила. Германецот смета дека можел да го спречи тоа доколу го Ботас не го задржал кога излегол на патеката со нови гуми.

Јасно е дека штом ја превзедов позицијата на Луис, Валтери почна да забавува за да ја направи целата цитуација тешка за мене, иако првично тоа не ми сметаше затоа што бев добро повлечен. Но, јасно е дека Луис ги искористи свежите гуми и првиот круг со нив.

Не можев да си ја задржам позициајта цел круг, а доколку успеев мислам дека ќе останев таму до крајот на трката.


Фетел не сакал да биде глупак во дуелот со Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>