Себастијан Фетел очекува добра врска со својот нов колега во Ферари за следната сезона, младиот ШАрл Леклер.

Германецот се надева дека нема да има потреба да се справува со никакво сра** следната година откако 21-годишниот досегашен возач на Заубер, ќе се префрли во Маранело. Себ имаше одлични и хармонични четири сезони минати крај Кими Раиконен, секоја од нив беше поуспешен од својот колега и стигна до 13 победи во тој период, наспроти едната победа на финецот.

не е важно со кого се тркате во тимот, секогаш се обидувате да победите, а секако дека прв кој сакате да го победите е вашиот тимкси колега. тоа нема да се промени.

јасно е дека шарл е различен од кими и треба да видиме каков ќе биде нашиот однос, но мислам дека е добар дечко. едно е сигурно, уживав последните неколку години поради огромната взаемна почит која ја имавме со кими

никогаш не моравме да се справуваме со никакви сра** помеѓу нас, така што тоа ни ја олесни многу работата, за мене и за него, а веројатно и за тимот. не очекувам проблеми и глупости ниту од односот со шарл затоа што тимот мнгу добро го знае откако порасна во академијата на ферари. среќен сум за него и за заедничката работа која ни престои – појасни леклер.

Шарл веќе имаше можност да го проба болидот на Ферари откако доби ден од тимот на тестот на Пирели во Абу Даби и постави време за 3 десетинки побрзо од она на Фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.