Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, тврди дека 9та позиција не е позицијата која ја заслужиле на денешните квалификации. Тој верува дека заедно со својот колега заслужиле подобро, но погрешниот избор на гумите на почетокот од К3 сегментот ги уништил нивните шанси за пол позиција во Јапонија.

Двете Ферари во К3 излегоа на интермедиа гуми иако патеката беше сува и мораше да влезат да менуваат на црвен суперсофт. Додека излегоа од боксот патеката веќе беше мокра на некои делови, но и покрај тоа Кими Раиконен успеа да дојде до 4 позиција, иако со голем заостаток зад Мерцедес.

Очигледно требаше да сме во подобра позиција. Имавме подобра брзина, но сепак стартувам од 9та позиција и ќе видиме како ќе оди трката – најави Себ.

Фетел влезе прешироко во кривината  Дегнер, а подоцна излета и во свиокот Спун како што се засилуваше дождот и не успеа да го поправи резултатот.

Мислам дека првото излегување беше да речеме ОК. Очигледно излетав во Спун и таму изгубив многу време. Во вториот обид немав време бидејќи почна да врне и беше доцна.

Шампионатот е речиси завршен за Фетел бидејќи Хамилтон стартува од пол позиција и веќе има 50 поени предност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.