Себастијан призна дек не бил на врвот на своите можности сезонава, но тоа го знае како и фактот дека и тој и Скудерија мора да се подобрат годината која следи.

По 10 трки германецот водеше во првенстото, но по серија од грешки по летната пауза “се лизна“ во поредокот и не успеја да се врати на врвот. Последата од четирите титули на Себ беше во 2013 година.

можам слободно да кажам дека сезонава немав проблем да дигнам рака и да кажам дека сум виновен штом ќе направам грешка. свесен сум колку брзо може работите да тргнат наопаку и колку брзо може да се смени ситуацијата во овој спорт. треба да се посветан ма некои работи, но нема смисла премногу да комплицирам и да се навраќам на минатото затоа што тоа нема да помогне.

точно знам што треба да направам и од оваа гледна точка свесен сум дека не бев најдобриот јас оваа сезона. прво гледам во себе, каде јас може да се подобрам и да придонесам во тимот – објасни фетел.

Себастијан за цела сезона победи на 5 трки, што е помалку од 11те на колку што триумфираше Луис Хамилтон, доволно за да ја освои својата 5та титула. Четири од вкупно 6та победи за италијанците беа во првите 10 трки, а потоа следуваа грешки меѓу кои највеќе боли уништениот прв стартен ред од Монца кога Фетел се изврте, а Раиконен беше минат.

можам слободно да кажам дека назадувавме кон крајот на сезоната, но потоа се вративме во ритам и мислам дека сите разбравме што го предизвика падот. научивме вредни лекции, беше тешка година и мислам дека екипата е силна и има огромен потенцијал да надмине вакви ситуации. но, се случија и многу работи како смртта на претседателот господин маркионе која нанесе голем удар врз нас.

до нас е, ние треба да го анализираме секој детал и да се осигураме дека ќе се вратиме посилни следната сезона.

Оваа година беше статистички најдобра за Скудерија од 2008 година, а на победничките патеки со триумф во Америка.

имавме и трки каде успевавме да извадиме се од пакетот со кој располагавме и правевме се што можеме и тогаш бев среќен засега треба да минам време и да се исклучам од се, имаме период во кој треба да соџвакаме се што се случуваше и да анализираме.

нема потреба ништо драматично да менуваме, но секако треба да прилагодиме некои работи за да бидеме посили – заврши германецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.