Себастијан призна дека и покрај тоа што го подобрил своето време ов послендиот К3 обид, Скудерија Ферари не биле закана за пл позиција на квалификациите во Абу Даби.

Ферари целеа да ја освојат својата прва пол позиција во Абу Даби во турбо хибридната ера, но Мерцедес го окупираше првиот ред. Фетел успеа да склопи подобар круг од својот колега, во последните квалификации на финецот како возач на тимот од Маранело.

И покрај тоа што не стигна до најдобриот пласман на квалификациите, Себ уживал во истите.

уживав во квалификациската сесија. се подобрував, но очигледно не доволно за да нападнам за пол позиција. не сум изненаден од брзината на мерцедес затоа што изгледаат силно цел викенд – изјави фетел.

Германецот призна дека квалификациите не биле совршени за него и е свесен дека сеуште можел да се подобри.

квалификациите беа со подеми и падови, се обидовме се и дадовме се што иамвме. кругот е долг и имам многу време да се најде насекаде низ патеката. сепак, среќен сум и задоволен од сесиајта.

Иако двете титули се решени, а неговото второ место загарантирано, Себастијан сака од стартот да се најде помеѓу двата болиди на Мерцедес и да се бори за победа.

сакав да сум дел од првиот ред, но овој пат не успеав. им кажав на момците во тимот дека утре ќе се бориме за победа и како и секогаш ќе дадам се од себе – заврши фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.