На минатата трка во Мексико неговата надеж за титула во 2018 година исчезна. Во Бразил, Себастијан Фетел беше сведок како неговата екипа Ферари ја загуби битката за конструкторска титула против Мерцедес, по лоши перформанси со кој тој се пласираше на само шесто место, три места подолу од тимскиот колега, Кими Раиконен.

Ферари навидум извршија стратешко чудо во саботните квалификации, откако и двата болида се квалификуваа со софт пневматици.

Но, во случајот на Фетел, ризикот не се исплатеше и тој имаше бавен старт од втората стартна позиција, што му овозможи на Валтери Ботас да го претекне со суперсофт пневматици во првиот свиок.

Првиот дел од мојот старт не беше толку лош. Но во вториот дел мислам дека немав доволно грип, што пак е дел од играта кога сте на потврда компонента.

Но, потоа немав каде да одам. Мислам дека Валтери и Луис работеа заедно, Луис порано почна да сопира и му остави простор на Валтери од надворешната страна, а јас немав каде да одам – вели Фетел.

Ситуацијата не се подобри за Фетел, неговата трка помина со проблем со сензорите, поради што болидот бил тежок за возење. На ден кога тој призна дека Ферари едноставно не бил доволно брзи, германецот беше претекнат од Макс Верстапен, а потоа и од Кими Раиконен во свиокот број 4.

Фетел успеа да си ја врати позицијата од тимскиот колега преку влегувањата во бокс, но откако стана јасно дека финецот е побрз, Ферари одлучија да им ги заменат местата, оставајќи го четирикратниот шампион да падне подолу во поредокот, поради Даниел Рикардо, со кој имаше мошне возбудлив дуел.

Севкупно, ова беше тешко попладне. Очигледно не сум среќен воопшто, не беше добар ден за нас, изгубивме од конкурентите, но среќен сум за Кими кој заврши на подиум. Мојата трка започна лошо и заврши многу лошо! – додаде Фетел.

Резултат на Ферари значеше петта последователна титула за Мерцедес. Утеха? Тие освоија повеќе подиуми годинава одколку во 2017 со една трка до крајот, а исто така го имаа и најбрзото менување во бокс, од неверојатни 1.97 секунди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.