Фетел: Мораме да се оправдаме на трките до крајот

237
   

Себастијан Фетел откри дека Ферари мора да се покажат во одлично светло на последни трки од календарот и да бидат многу подобри од изданијата во последно време.

По серијата грешки, надежта за 5та титула на германецот стана само теоретска, а Хамилтон е се поблиску до својот 5ти наслов во кариерата.

Германецот не крие дека Ферари пропуштиле фантастична можност да ја освојат титулата и дека поради тоа мора на трките до крајот на сезоната да се покажат во колку што можат подобро светло.

Мислам дека имаме огромен потенцијал во тимот и јасно е дека последните недели беа многу тешки за нас и можевме да бидеме во многу поинаква позиција, но не сме и тоа се случи со одредена причина.

Но, гледаме напред и иако последните неколку недели беше тешки, духот во тимот е одличен, момците се мотивирани да покажат колку сме силни и колку сме позитивно расположени. Мислам дека квалитетот го направи овој тим многу силен и тоа ќе го покажеме на трките во иднина.

Знаеме дека имаме уште потенцијал во пакетот и мораме да работиме и да го ископаме истиот. За сега јасно е дека сакаме да се покажеме и докажеме на трките до крајот на сезоната – најави Фетел.

Германецот откри дека зборувал со Аривабене по грешката од квалификациите за да го каже своето видување во врска со тоа што се случило.

Внатре во тимот разговаравме за тоа што се случи и секако дека не бевме задоволни со резултатот. Тоа што сакавме да го направиме не ни се оствари, анализиравме што можевме да направиме подобро во тоа време и сигурен сум дека и следната недела ќе разговараме за тоа иако нема многу поента да се потсетуваме на тоа секој викенд и секои квалификации.

Ако времето е како во Јапонија, тогаш тоа е коцка за сите, ако продолжи посилно ние ќе можевме половина круг да возиме со интермедиа, а потоа со гуми за целосно мокра патека и ќе изгледавме како генијалци, а сите останати ќе изгледаа како идиоти. Тоа се неизвесни ситуации и голем предизвик секогаш.


Фетел: Мораме да се оправдаме на трките до крајот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>