Германецот од Ферари, Себастијан Фетел, изјави дека е можно Ред Бул утре да се самоуништат во Мексико откако тимот ги доби првите две стартни позииции по квалификациите. “Биковите“ за прв пат го имаат првиот ред во новата турбо хибридна ера, а Даниел Рикардо за многу малку беше пред неговиот колега Макс Верстапен, кој доминираше на сите тренинг сесии.

Луис Хамилтон трката ќе ја почне од третата позиција, додека Фетел до него од четвртата откако неговиот круг беше две десетинки побавен од оној на Ред Бул.

Немав чист летечки круг. Мислев дека можам да најдам две десетинки, но тоа не се случи. Бев доста блиску, не беше лош круг, но не можев да се поправам. Среќен сум, но мислам дека извлековме се од болидот. Очигледно пад на четврто место од второто кое го имав по првата серија летечки кругови не е добро, но ќе видиме утре – појасни Макс.

Фетел се надева дека Рикардо и Верстапен ќе го повторат инцидентот од Баку кае во борба за позиција имаа судар и ја завршија трката.

Имаме брзина на правци и ќе видиме што може да направиме во првиот свиок и од таму понатака. Мислам дека имаме најиздржлив болид. Ред Бул се брзи и тешки да се победат и се надевам дека сами ќе се победат. Трката е долга и верувам дека ќе биде пресудна стратегијата и гумите – најави германецот.

Фетел мора да победи во Мексико и да се надева дека Хамилтон ќе заврши пониско од 8та позиција за да ја продолжи борбата за титулата во Бразил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.