Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, верува дека тимот има огромен напредок сезонава и дека се многу блиску до освојување на конструкторската шампионска титула.

Актуелните и четирикратни двојни прваци последните четири години, Мерцедес, се пред прагот на нова двојна титула доколку дојдат до потребниот резултат викендо во Бразил.

Фетел веќе три години е дел од Ферари, последните две години губи титула по летната пауза.

мислам дек аимаме огромен напредок во текот на сезоната. моја работа е да го возам болидот и не сум одговорен за дизајнот на истиот, структурата на тимот или нешто слично.

како дел од тимот и како набљудувач, мислам дека направивме огромен напредок, имаме добри, талентирани и умни луѓе кои наоѓаат различни решенија, идеи и концепти. тоа што ни недостасувае последниот чекор, но сигурен сум и дека тоа ќе дојде – смета Фетел.

Во дел од сезоната Себастијан водеше во возачкиот поредок, но потоа направи повеќе грешки на неколку трки кои само го оддалечија од целта.

не читам многу што пишува во медиумите, но моето мото секогаш е дека сте добар колку што ве фалат, а не сто толку лош колку што ве критикуваат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.