Себастијан Фетел смета дека нити неговата грешка што доведе до катастрофа во Германија, нити преголемата агресивност во Италија не било пресуден момент за губење на титулата, туку тоа било градското Сингапурско Гранд При. По 19 трки годинава, Луис Хамилтон стигна до својот 5ти наслов во кариерата, иако по 10 трки сезонава, Себастијан Фетел беше возачот кој води во поредокот.

Ниту Германиј ниту Италија не беа пресудни, туку за мене тоа беше Сингапур. ОД Сингапур навака немавме доволно ритам и брзина да се носиме со Мерцедес неколку трки, а се случија и некои други работи освен тоа кои воопшто не ни помогнаа, не можевме да се бориме и да освојуваме добри поени поради грешките кои ги направивме, грешките кои јас ги направив.

Не можам да бидам премногу строг кон себе во однос на тоа што се лсучи во Германија затоа што правев и други грешки, но таа ме чинеше многу. За жал тоа е дел од тркањето, кога притискате премногу може да ја минете линијата. Исто така, го избрав грешниот свиок за да притискам, но како и да е, тоа е зад мене и не мислам многу за тоа што поминало. Тоа е дел од тркањето, се има случено и на други, но гледајќи како се боревме и мачевме за ритам и брзина на последните неколку трки, веројатно таму загуивме – анализира четирикратниот првак.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако само што ја загуби титулата, тој не се откажува и сака да се врати силен и моќен на следната трка, Големата награда на Бразил која е на програмата за две недели.

Не сакам многу да мислам на губењето на титулата, сакам да останам фокусиран на себе и на болидот. За тоа работам цела година и кога повеќе не е во моја контрола секако дека чувството не е убаво, не е убав воопшто тој момент на разочарување, но веќе се соземав и одам во Бразил.

Тимот заслужува, сите во Маранело заслужуваат уште добри трки, а и луѓето кои ме поддржуваа мене и Кими цела година, нашите тифози. Во моментов секако дека не сум најсреќен, но за две недели повторно ќе влезам во болидот и ќе возам за да ми се врати насмевката – заврши Себастијан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.