Фетел: Им олеснивме на Мерцедес

494
   

Себастијан Фетел признава дека Ферари многу им олесниле на Мерцедес во обидот да освојат нова титула на последните три трки во првенството.

Тој само математички е во борбата за титулата и сега заостанува 67 поени зад Луис Хамилтон откако неговиот ривал победи на 6 од 7те последни трки и има четири последователни победи. Хамилтон може да ја освои титулата веќе на следната трка откако Фетел удри во Макс Верстапен и се изврте и на крај заврши на шеста позиција во Јапонија.

Може да кажете дека е блиску до завршена. Очигледно има некакви шанси, но во последните трки им беше многу лесно. Треба да им се даде подршка бидејќи одлично изработија. Тоа Треба да видиме што сме погрешиле и што треба да поправиме. Но сигурно не ни помогна што завршивме на шеста позиција и тие победија на трката – смета германскиот возач на Ферари.

Мерцедес има предност на квалификациите на последните три трки иако Фетел има добро темпо за трка. Стратегијата на Ферари во Сингапур не вроди со плод и тој загуби секунда таму, а не беше конкурентен со Мерцедес и во Русија. Во Јапонија, Ферари погреши со гумите и грешката на Фетел на квалификациите ја направи трката мизерна.

Фетел смета дека можел да се бори на барем една трка со Мерцедес откако се избори да стигне од 8то до 4то место во првиот круг во Сузука, но подоцна се удри во Верстапен и заврши последен.

Беше тешко да се престигнува таму и да се прати на гридот и со брзите свиоци што ги има таму но мислев дека можам да си играм со болидот и гумите. Никогаш не знаеме колкаво е оштетувањето и гужвата но ја сум среќен со возењето.

Падот на перформансите на Ферари се појави по летната пауза откако во првиот дел од сезоната Мерцедес не можеше да им се доближи. Фетел изјави дека нема објаснување за проблемите на Ферари.

Секогаш бевме блиску. Мислам дека на последните трки не бевме така силни, но мислам дека бевме така добри на трка бидејќи не форсиравме и никогаш нема да ја имаме целата слика.


Фетел: Им олеснивме на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>