Себастијан е задоволен од своето Ферари по петочнтие тренинг сесии во Бразил, освен олабавениот шраф во кокпитот кој на момент ја прекина неговата серија.

Германецот заврши на второ место по првите 90 минути, а беше една позиција поназад во втората тренинг сесија, но заостана помалку од десетинка од лидерите во текот на двете тренинг сесии.

Ланскиот победник на Бразилското Гранд При имаше импресивни времиња на долгите тркачки симулации на крајот од денот, но е свесен дека Ферари треба да работи за да се подобри за квалификациите.

болидот беше добар, но не доволно добар сеуште и имаме работа ноќеска. во недела треба да е потопло и тоа треба да е тешко за гумите, а и вака како што беше денска ситуацијата не беше сјајна. во “купот“ сме и можеме да бидеме на врвот – смета себ.

Најголем проблем за Себастијан денеска беше олабавувањето на шраф во внатрешниот дел на кокпитот, поточно делот кај стапалата по што тој беше принуден да ја прекине на кусо серијата. Германецот не пропушти да се пошегува за тој момент.

го кажав тоа што требаше да го кажам, но некако погрешно бев сфатен и направив шега. не знам, мислам дека беше смешно, но на крајот испадна дека е само мало шрафче – заврши фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.