Возачот на , Себастијан Фетел, загуби време на првиот ден поради оштетувања на неговиот СФ71Х болид на тестот за Пирели во Абу Даби.

Тој имаше излетување и допир со оградата на првата кривиниа, по што се скрши неговото задно крило, а се развеа и црвеното знаме и сесиајта беше прекината. Оштетување имаше и на подот од болидот поради преагресивно “јавање“ на тротоарот во два наврати.

Иако го постави најбрзото време на денот, имаше само 67 кругови, половина од бројот на кругови кои ги комплетираше Валтери Ботас со својот Мерцедес.

за жал имавме мали проблеми и моравме да бидеме попретпазливи и да ги промениме скршените делови, ништо страшно, но загубивме време – појасни себ.

На располагање беа компонентите за оваа сезона, без црвениот суперсофт, но и гамата која ќе биде понудена за 2019 година.

за гумите е важно да го имаме првичното чувство, а мислам дека е сеуште премногу рано за да имаме значителна разлика. не сум изненаден, гумите работат добро, слични се, разликите се мали.

зборувајќи со пирели, ми се чини дека целата гама е позбиена, хиперсофт е поблиску до најтврдата компонента, која ионака не ја користиме и сакам повеќе да се насочиме кон помеките гуми – прокоментира германскиот возач на ферари.

Гумите за 2019 година нема да ги имаат сложените имиња од оваа сезона, наместо тоа секој викенд ќе се номинира хард, медиум и софт компонента.

го гледаме изборот за следната година, тоа највеќе го чекам, на кои патеки пирели ќе донесе какви гуми. тоа може да направи голема разлика во однос на оваа сезона.

сакав да тестирам малку повеќе особено на долгите серии, но загубивме време и се надевам дека шарл ќе иам повеќе време вториот ден и ќе научи повеќе.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.