Себастијан Фетел ќе ја задржи втората стартна позиција од квалификациите за Бразилското Гранд При откако доби опомена од ФИА за уништување на мерните инструменти.

Фетел беше фрустриран од одлуката по која беше повикан на мерење во хаотичен втор сегмент од квалификациите кога се менуваа и временските услови.

Фетел исто така заработи и казна од 25,000 евра поради оштетата на уредот, иако постоеше сомнеж дека тој може да заработи и грид казна, па дури и дисквалификација од квалификациите.

Тој се пласираше на второто стартно место позади Луис Хамилтон, но позициите и на двајцата возачи беа под знак прашалник. Хамилтон поради блокирање на Кими Раиконен и Сергеј Сироткин во ист круг, додека Фетел за бизарниот инцидент. И двајцата избегнаа посериозна казна.

Стјуардите не беа подготвени да го мерат болидот на Фетел, иако го повикаа, кој пак се брзаше да промени на софт пневматици и да постави време пред посилни врнежи на дожд.

Спротивно од правилата, Фетел самиот се искачи на уредот за мерење, а потоа самиот замина. Возачите треба да бидат избуткани на уредот, додека агрегатот мора да биде изгаснат.

Фетел со гестикулации се обиде да ги забрза активностите на официјалните лица, но во извештајот на стјуардите се истакнува дека тој всушност го изгаснал моторот откако го бутна портокаловиот конус и се приближи до официјалните лица.

Втората стартна позиција ќе му овозможи на Фетел да атакува кон победа во Сао Паоло втора година по ред. Неговиот најбрз круг во К2 беше поставен со софт пневматици, додека Хамилтон користеше суперсофт, што му дава предност на возачот на Ферари во првиот стинт од трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.