Мекларен објавија дека поранешниот заменик шеф на Форс Индија, Боб Фернли, ќе го води нивниот тим во Индикар наредната година.

Мекларен минатата недела открија дека ќе направат нов посебен тим за Индијанаполис 500, каде ќе возат со Фернандо Алонсо во обид да победат на трката.

Фернли беше заменик шеф на Форс Индија пред тимот да влезе во постапка на администрација и подоцна да биде купен од Лорнс Строл, а на неговото место дојде Отмар Шафнауер, кој беше Оперативен директор на екипата.

Британецот е позната и почитувана личност во моторспортот и ќе му одговара на Зак , а ќе има задача да го подготви тимот за долго учество во Индикар.

Боб е одличен инженер и некој кој има голема почит. Неговото искуство и лидерство е важно за нас во проектот. ТОј е талентиран и ги спојува тимовите и воедно вади максимум од дадените ресурси. Инди 500 не е лесна трка и Боб ќе има клучна улога – смета зек браун.

Боб Фернли, задоволен од својот ангажман додаде:

Враќањето на коцката во Инди е специјално искуство за мене и горд сум што ќе го водам проектот на Мекларен. Тоа е луд предизвик и има одлични натпреварувачи од кои треба да си подобар за да успееш. Треба да се спремиме за мај и работата почнува веднаш.

Во текот на припремите Мекларен ќе известуваат до каде е нивниот проект.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.