Како и сите останати возачи периодов така и Фернандо Алонсо се пофали со својата нова кацига која ќе ја носи претстојната сезона.

Воочлив е целосно различниот дизајн на шпанецот во кој силно преовладува сината боја, иако според најавите болидот на тимот сезонава ќе биде папаја портокалов.

Името Алонсо е испишано на страните од кацигата непосредно зад новиот партнер на тимот Петробрас, а на визирот стнадардно ќе стои еден од главните спонзори Шандон.

Она што е најмногу воочливо е што на горниот дел од кацигата целосно доминира Кимоа, брендот за облека и додатоци на Нандо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.