Ферари оваа година се одлучи да користи двоен вертикален издув во задниот дел од нивниот болид и болидите на нивните муштерии, судејќи според сликите од новиот болид на Хаас.

Ферари веќе го проба нивниот концепт минатата година на трката за Големата награда на Германија. Наместо странично поставените цевки на издувот тие експериментираа со вертикално поставени цевки над примарниот, во задниот дел од болидот. Себастијан Фетел го тестираше новиот концепт во Хокенхајм, додека Раиконен се задржа на оригиналната верзија.

Тестовите за издувите под задното крило покажаа дека тие ќе го зголемат притисокот на задното крило. Сепак ова се прави за зголемување на потисокот и намалување на аеродинамичната влезна сила.

Сликите на болидот на Хаас кажуваат дека цевките се поставени една над друга и не би изненадило доколку Ферари го направи истото. Повеќе тимови го следеа Ферари и доколку тие профитираат од тоа и другите тимови ќе го прифатат концептот. Иако користа не е многу голема, тимовите сакаат да го следат Ферари за да ја надоместат негативата од новите аеро правила.

Минатата година Рено влезе агресивно и го насочи издувот накај задното крило за да го максимизира потисокот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.