За време на првата тренинг сесија во Германија, Скудерија Ферари тестираше комплетно нов и уникатен издувен систем што е доказ за агресивниот развој кој го има тимот од Маранело оваа година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Екипата пробува нешто ново со ставање на дополнителните цевки од турбото над главниот издув. Овој дизајн го има само на болидот на Ветел, додека кај Раиконен сеуште е старата верзија.

Промени кај Ферари има и кај задното крило со нанапред заоблен главен дел. Оваа промена можеби е поради промената на издувот за да се овозможи поголем притисок од издувните гасови на задното крило.

ФИА минатата година го зголеми задното крило за да се намали аеродинамиката која доаѓа од издувот. Можноста да се искористат издувните гасови за аеродинамика е посебно регулирана и дозволува издувниот систем да е во близина на останатите делови од болидот.

Промената на издувот ќе му овозможи на тимот да има потесен поклопец врз моторот и да ги следи контурите на новиот дизајн.

Со новиот дизајн Ферари може да ги намести цевките една врз друга бидејќи има задно крило со двоен столб. Повеќето тимови користат со еден столб бидејќи двојното решение е потешко за вградување.


1 КОМЕНТАР

  1. Тоа само напред еве уште еден доказ колку ќе бидат брзи ферари а не изјавите на мерцедес ние сме најбрзи хаххаах

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.