Ферари никако не се откажуваат од напорите да ја блокираат камерата поставена над главата на возачот која може да ги сними сетинзите од нивниот управувач. ФИА по Монца им забрани на италијанцит еда користат вреќа со мраз во тој дел од болидот која наводно им го лади моторот, но целосно ја блокира и камерата.

Скудерија тврди дека ќесата со мраз е за да го подобрат ладењето на моторот и електрониката на камерата, ривалите сметаат дека има скриен мотив за блокирање на камерата поставена на болидот кој поради аголот може да сними интересни работи на нивниот болид. Сите екипи имаат пристап до камерите на конкурентите за време на тркачките викенди, а со овој начин на криење Ферари се стекнува со компаративна предност да не го прикаже својот кокпит.

Италијанците ја отстранија ќесата со мраз во боксот во Монца, но на стартниот грид многу ниско го поставуваа чадорот над кокпитот така што камерата повторно беше блокирана.

Во падтокот во Сингапур денеска црвениот болид повторно имаше чудна направа во делот за ладење на моторот каде е псотавена и камерата. НАправата е гломазна и чудна и повторно го блокира снимањето.

Очекувано е италијанците повторно да изјават дека со тоа го ладат моторот или нешто слично и очекувано е повторно ФИА Да им го забрани пронајдокот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.