Ферари промени мотор кај Кими

685

Ферари се одлучија да одат на безбедна варијанта и поради тоа во пресрет на денешнтие сесии ќе го променат моторот во болидот на Кими Раиконен како мерка на претпазливост, откако се појави чад на петочната попладневна сесија од СФ71Х број 7.

Финеот беше во тек на квалификациска симулација кога телеметријата во боксот покажала податоци по кои тој добил наредба да го застане болидот и да го донесе безбедно до гаражата, што и беше направено.

Првичната инспекција не открила никаков проблем, но како мерка на претпазливост било решено тој да добие нов мотор за остатокот од Големата награда на Шпанија.

За оваа промена нема да бидат изрекувани никакви казни затоа што тој сеуште е на својот прв мотор од дозволентие 3 оваа година.


Ферари промени мотор кај Кими

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>