Ферари први “обесија“ ретровизори на хало

1275

Почетокот на распакувањето на опремата крај Барселона го донесе и првото изненадување во вид на ретровизори прицврстени за хало, согласно новите правила од ФИА. Истото први успејаа да го изведат италијанците од Ферари.

Халото стана задолжително сезонава откако се преговараше за негово воведување во спортот неколку години со цел зголемување на заштитата на кокпитот и главите не возачите.

Ограничено е тоа што може да се стави околу хало, но кон крајот на минатиот месец, Николас Томбазис како претставник на ФИА издаде соопштение за можноста ретровизорите да бидат фиксирани на хало-то и на каков начин може да биде направено истото.

Откривањето на болидот во гаражата на италијанците на Барслона-Каталуња патеката донесе неверојатен дизајн и начин на поставеност на ретровизорите.


Ферари први “обесија“ ретровизори на хало

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>