Ферари станаа првата Формула 1 екипа која пробаа последна генерација на сопирачки дискови во Мексико, делови кои во себе содржат 1.400 отвори за подобро ладење. Уникатните карактеристики и надморската височина во Мексико беше проблем при одржувањето на температурите во моторот, требаше добро ладење како на агрегатот така и на сопирачките и гумите. Споменатите дискови ќе бидат доставени до останатите екипи следната натпреварувачка сезона.

Снабдувачит со сопирачки во Формула 1 долго време го зголемуваат бројот на отворите со цел да се зголеми ладењето на дискот. Пред дваесет години дисковите имаа помалку од 30 големи отвори околу централниот дел на дискот, но од пред пет години тој број драстично се зголеми на над 100 отвори. Напредната денешна технологија многу брзо се разви, а Брембо произведоа диск со 1.200 отвори што се сметаше дека е лимит.

Шемата на ладење понекогаш не е добра ако се земе во предвид отпорноста и абењето на дискот. Тимовите сакаат повеќе дупки, но сакаат и потрошувачка од само половина милиметар. Таков диск би бил добар само за прва тренинг сесија, а потоа би морал да се промени поради брзото трошење – објасни Андреа Алегри од Брембо.

Но, италијанците од Брембо сепак направиј напредок и во Мексико на Ферари му дадоа диск со 1.400 отвори за подобро ладење.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.