Ферари повторно ќе пробува нов под викендов во Мексико, а нивните ривали од Ре Бул исто така пробуваат нов под, налик на дизајнот на Скудерија.

Италијанците во Јапонија и Америка веќе го возеа новиот под на тренинг сесиите, но во пресрет на квалификациите го извадија поради тоа што лошото време и дождот не им дозволи соодветно да го проценат и да ги приберат посакуваните податоци. Враќањето на стариот под им донесе на италијанците победа во Америка, но тие инсистираат на новата спецификација со цел да разберат што е погрешно во нивниот нов концепт.

Болидот број 5 кој го вози Себастијан Фетел ќе биде опремен со новиот под за време на петочните трнинг сесии, Кими Раиконен ќе вози стариот за да може да се споредат податоците за време на сесиите.

Ривалите од Ред Бул ја копираат идејаа на Ферари со додавање на дполнителни мали перки на подот на нивниот РБ14 болид и истиот ќе биде користен и проценуван во Петок.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.