почнуваат да го омекнуваат својот став во врска со идејата за ограничување на буџетите и трошењето во Формула 1 во иднина.

Екипата од Маранело беше жесток критичар на идејата на Либерти Медиа во врска со правилата од 2021 година, а дури се заканија и со напуштање на тркачката серија доколку не им се допаѓаат новите правила. Но, Главниот извршен директор на компанијата, Луи , во својата последна изјава вели дека ограничувањето на трошењето ќе има смисла.

напредуваме во однос на техничките спецификации, но во однос на гуџетското ограничување и економизирањето, немаме никаков прогрес. јасно е дека економизирањето е поврзано со буџетското ограничување. сметам дека намалувањето на трошењето ќе има смисла, но “ѓаволот е во деталите“ и порано или подоцна во интерес на сите ќе биде да се намали трошењето, но сеуште не сме стигнати до тој момент – смета камилиери.

Извршниот директор се осврна и на сезоната на својата екипа, година во која Ферари повторно ги загуби двете титули, иако многумина сметаа дека имаат најсилен болид. Камилиери е свесен дека немаат среќа, но исто така и знае дека ова била најдобра сезона за тимот последните десет години.

јасно е дека победувањето е приоритет за нас и тоа е дел од нашето наследство. конструкторската титула сеуште е на дофат, иако само математички, на две трки пред крајот на сезоната.

победувањето е многу важно за ферари, правиме се да победиме, имаме одличен болид и двајца одлични возачи. годинава немаме среќа затоа што дојдовме многу, многу блиску до насловот, но не победивме. нема што друго да додадам освен дека даваме се од себе.

според бројките, вероајтно 2018 година беше наша најдобра од 2008 година кога последен пат бевме шампиони. имаме напредок, но не сме онаму каде што сакаме да бидеме и ќе видиме како ќе биде догодина – заврши камилиери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.