Ферари носи нов под во Англија

601
   

Скудерија Ферари ќе донесе нов под за време на Британското Гранд При со цел да ги подобри своите перформанси, а како одговор за големиот аеродинамичлки пакет кој Мередес го донесе во Австрија. Аеродинамичарите во Маранело веќе некое време работеле на новиот под кој треба да ги подобри перформансите на СФ71Х на вакви брзи патеки како Силверстон.

Подот ќе има премиера на петочните сесии, а ако се покаже добро ќе се користи и во остатокот од календарот. Иако го превземаа водството во возачкиот и конструкторскито поредок по последната трка, италијанците се свесни дека Мерцедес се секогаш многу силни на престојната патека.

Освен непредвидливото време кое е заштитен знак за Островот, темепратурите секогаш носат непредвидена деградација и кај гумите, нешто што беше голем проблем за екипите во Австрија.

Лани гумтие на Кими Раиконен и на Себастијан Ветел не издржаа до крајот, така што Пирели донесоа поинакви гуми за вакви нови подлоги, а тие “им лежат“ на Мерцедес многу добро. Барселона и Пол Рикар беа двете места каде тие гуми се возеа и каде доминираа Мерцедес, а гледате како Тото Волф преговара тие гуми да се задржат за сите трки од календарот.

Знам дека Мерцедес ќе бидат многу силни на Силверстон, но ако жештината и температурите продолжат како деновиве, ќе видиме могу непредвидени работи со гумтие. Трката мже да биде многу, многу интересна. Силверстон секогаш е екстремен или е преладно или има многу Ветер – појасни Кристијан Хорнер од Ред Бул.


Ферари носи нов под во Англија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>