Матиа ја објасни стратегијата на Ферари и одлуката да не го внесат Шарл Леклер во бокс по нови гуми како шанса да го има најбрзиот круг и да освои еден поен за тоа.

Италијанците имаа ветувачка предсезона, но не стигнаа до победа во Мелбурн на трка која беа поразени од Мерцедес, но и од Макс Верстапен на Ред Бул.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Леклер беше на 5то место кон крајот на трката, доволно пред Кевин Магнусен од Хаас за да може да промени гуми без да загуби позиција и на тој начин да обие можност да “го брка“ најбрзиот круг и поен за истото. Ферари одбра да не оди на таа стратегија, го остави Шарл на 5то место зад Себастијан Фетел поради тоа што не сакале да ризикуваат.

имавме време да промениме гуми за шарл и да одиме на најбрз круг, но мислам дека тоа ќе беше ризик за нас, непотребен ризик. мислам дека за нас беше многу поважно да ја завршиме трката со добри болиди и да ги освоиме поените. понекогаш има трки кога не сте најдобри, но важно е да се освојат тие поени и на крајот тоа беше нашиот избор. ќе ја разгледаме повторно одлуката, но истата е донесена од таа причина – објасни биното.

Во исто време, Ферари му даде и наредба на Шарл да не го напаѓа Фетел и да се оддалечи од него кон крајот на трката кога 21-годишниот возач надомести 12 секунди заостаток и “се залепи“ зад својот колега.

кога себ влезе во бокс и промени на медиум, го немаше грипот кој го очекуваше и беше веднаш нападнат од макс верстапен, поради што одлучивме да ја задржиме неговата позиција на патеката.

решивме дека најпаметно е болидот безбедно да заврши трка, менаџиравме со неговите гуми до крајот и мислам дека на 10-тина кругови пред крајот не ни требаше ризик и сакавме само поени – заврши биното.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.