Екипата на Ферари одлучи да не го користи новиот под на своите болиди до крајот на викендот во Мексико, откако имаа големо заостанување во петочните тренинг сесии.

Новиот дизајн најпрвин беше тестиран на Американското Гранд При минатиот викенд, но не беше користен во трката, додека Фетел изјави дека подобрената форма на Ферари во Остин се должи на замена на новите со старите компоненти.

Во Мексико Ферари повторно се обиде со новиот под, но на крај решија да не го користат.

Утрината беше интересна. Научивме многу и ќе го користиме стариот пакет – изјави Фетел.

И Ферари и Мерцедес заостануваа многу позади Ред Бул кои доминираа во сесиите, но и позади Рено кои беа големо изненадување.

Фетел се пошегува дека би бил прилично среќен ако имал повеќе грип на ден во кој поголемиот дел од возачите не можеа да извлечат перформанси и трајност од хиперсофт пневматиците. Ред Бул беа на првите челни позиции во двете сесии, додека Фетел заврши на 7мо место во Т1 и 4то во Т2. Фетел признава дека Ред Бул изгледаат многу силно, истакнувајќи дека тие имаат најмалку проблеми со пневматиците.

Но во исто време смета дека пораз од Карлос Саинз, кој се пласираше на трето место, е аномалија.

Немавме целосно добар круг. Требаше да бидеме пред Рено.  Сите беа на лимитот со пневматиците и се обидуваа да избегнат пролизгување, а исклучок се можеби Ред Бул.

Потешкотијата е што нема грип. Се лизгаме премногу. Проблемот е што доколку немате грип, ќе заостанувате многу. Мислам дека сите ќе се подобрат во саботните сесии.

Немаме потисна сила, воздухот е редок, пневматиците не функционираат и тоа многу тешка ситуација. Мислам дека поради тоа се забележуваат големи разлики во времиња по круг.

Ако не го погодите моментот, заостанувате многу.

Клучен фактор ќе бидат пневматиците. Ако имате 1,2,3 или 4 километри на правецот, тоа нема да биде крајот.

Мислам дека ќе биде многу поважно пневматиците правилно да функционираат. На оваа патека лесно се надоместуваат од 2 до 5 десетинки. Тоа е многу по време на круг. – додаде Фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.