Австралиските власти истражуваат дали Скудерија и нивниот спонзор ја прекршуваат забраната за рекламирање на тутнски производи по брендирањето на Мишн Винноу (Mission Winnow) на црвениот болид.

Властите сметаат дека преку болидот всушност се рекламира некаков производ кој не постои, но премногу потсетува на логото на познатиот Марлборо бренд на Филип Морис.

Мишн Винноу за прв пат се појави на болидот од Маранело за време на Големата награда на Јапонија лани, а сега се чини дека тоа е само маркетинг стратегија на Филип Морис да најдат начин да “ги протнат“ своите познати Марлборо цигари како реклами затоа што ионака веќе плаќаат 100-тина милиони во Ферари.

Од 2007 година во Формула 1 се забранети рекламирањето на производи од тутун, а компаниите кои произведуваат цигари долги години беа движечка сила на финансирањето на тимовите. Во 2011 година Ферари го тргна името Марлборо од официјалното име на екипата.

Но, одредени бело-црвени шари на болидот од Маранело кои се провлекуваа сите овие години веднаш асоцираа на познатиот бренд цигари, така што Филип Морис всушнос добиваше реклама. Во 2010 година Скудерија мораше да го тргне од својот болид и бар-кодот на Марлборо откако асоцијацијата за борба против пушењето обвини дека тоа е реклама.

Филип Морис сметаат дека Мишн Винноу концептот е нова ера за компанијата во нивната амбиција да се најдат алтернативи на пушењето и цигарите.

мајката компанија на филип морис австралија, филип морис интернационал и скудерија ферари имаат глобално партнерство кое е менаџирано надвор од австралија – гласи кусата изјава на портпаролот на филип морис австралија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.