Ферари и муштериите му оддаваат почит на Маркионе

355

Фабричката екипа на Ферари и екипите на Заубер и Хаас кои користат нивни мотори, викендов му оддаваат почит на починатиот Претседател Серџо Маркионе во текот на Големага награда на Унгарија. По компликации во текот на операцијата на рамото, првиот човек на Ферари почина неделава.

Во негова чест, болидот на Ферари има црна трака преку носот на СФ71Х, додека сите членови на тимот носат црни ленти на раката. Знамињата развеани околу моторхоумот на Ферари се симнати на половина копје.

Заубер, кои користат агрегати од Маранело, но имаат и голема техничка и финансиска подршка од Алфа Ромео имаат две црни траки преку хало системот за заштита на возачот.

Хаас кои имаат широка соработка со Ферари имаат слика од Маркионе над главата на возачот до делот каде влегува воздухот за ладење на агрегатот.


Ферари и муштериите му оддаваат почит на Маркионе

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>