Паскал Верлејн е последниот возач кој е поврзан со местото возач во симулатор во Скудерија ФЕрари, дознава италијанскиот дел од motorsport. Претставници од Маранело веќе контактирале со поранешниот јуниор на Мерцедес, а пред тркачкиот викенд во Мексико се појави и веста дека Роберт Кубица е во плановите на славниот италијански тим.

Но, motorsport пренесува и дека италијанците нема да одбираат помеѓу Паскал и Роберт, туку ги сакаат двајцата во својот симулатор во Маранело.

Верлејн е поранешен ДТМ првак и возач на Манор и Заубер. Сезонава чекаше Формула 1 кокпит за себе, се надеваше на Торо Росо, но откако стана свесен дека нема да вози во Фаенца, се реши да се обврзе кон Формула Е серијата и тимот на Махиндра. Неговиот ангажман во електричната тркачката серија ќе му остави многу време да работи во симулаторот на Ферари, улога која сезонава ја извршуваше Даниил Квјат, кој се враќа во јатото на Ред Бул догодина.

Шпекулациите велат и дека за да го намами возачот кај себе, Ферари може да му ја понуди и улогата на резервен возач во Заубер, односно замена за Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.

Скудерија инсистира на ПАскал поради неговото широко знаење за болидот на Мерцедес кој неколку пати го има тестирано, дури и овогодишниот В09 модел сакајќи конечно даго детронизираат Мерцедес. Верлејн е штитеник на “сребрените стрели“ од 2012 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.