Ферари ги покажа новите шари

70
   

Согласно вчерашните најави, Скудерија Ферари ги покажа новите шари на болидот со кои ќе се трка на Големата Награда на Јапонија. Новите логоа се поставени од страна на главниот спонзор, Филип Морис и на нив пишува ‘Mission Winnow’. Новите реклами се појавуваат на страничните крила, поклопецот на моторот и задното крило, клучните места на болидот.

Тутунските производи се забранети во Формула 1, но Филип Морис никогаш не се повлече од Ферари, а нивниот договор годинава е продолжен до 2021. Компанијата сака да развие нови технологии настрана од нивните тутунски производи, така што ‘Mission Winnow’ е нова иницијатива посветена на науката, технологијата и иновациите.

Сакам да им се заблагодарам на Филип Морис затоа што имаат право да го брендираат нашиот болид од почетокот на сезоната, но ја почитуваат нашата црвена боја и поради тоа болидот остана таков. Причината е едноставна, велат дека не им се брза, дека нивната компанија се менува и почнува нешто ново.

Тоа што го прават е едноставно, Ферари и Филип Морис се гладни за подобро, за повеќе перформанси, за истражување и напредок. Можеби некој ќе рече дека сеуште не сме шампиони, што е точно, но учиме. Да се дојде во состојба да се победува, треба најпрво да се научи – изјави Маурицио Аривабене.

Mission Winnow го доби името по процесот на одвојување на пченицата од плевата. Рикардо Парино, одговорниот во Филип Морис за глобални настани и партнерства изјави:

Доаѓаме со нова иницијатива по 10 години спонзорство во болид кој не го брендираме на патеката. Многу е важно да се нагласи дека оваа промоција и логото не посочуваат на никакви тутуннски производи.

Нашата компанија ќе се трансформира и ќе поддржува целосно различни инцијативи за подобра иднина. Важно е да се биде со Ферари затоа што тие се поим за страст и секојдневно подобрување.

 


Ферари ги покажа новите шари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>