Првата голема одлука на Матиа Биното откако го превзема раководењето со Ферари на почетокот од сезонава беше менување на екипажите на двајцата негови возачи.

Медиумите во Италија пренесуваат дека сите кои лани работеа на болидот на Себастијан Фетел ќе ја променат страната во гаражата и оваа сезона ќе работат на болидот на Шарл Леклер.

Претходно беше најавено дека младиот возач од Монако ќе биде надгледуван лично од Џок Клиар како искусен инженер кој го водеше Жак Вилнев до неговата титула во 1997 година, а потоа работеше и со Михаел Шумахер, Нико Розберг и Луис Хамилтон.

Сепак, Себастијан ќе го задржи својот инженер за трка, Рикардо Адамо со кој работи откако дојде во Маранело во 2015 година, а исто така со него ќе останат и инженерите кои до сега работеа на неговиот мотор.

Менувањето на екипажите во рамките на една екипа не е вообичаено, тоа го направи и Мерцедес во минатото.

Следна новина од Скудерија е тоа што Лорен Мекиес, поранешниот Директор за безбедност и трка во ФИА кој од Абу Даби лани е спортски директор на Ферари, добива улога на интерпретација на спортските и техничките правила.

За крај, новото Ферари ќе го видиме во Петок.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.