ќе го промовира својот болид на 15 Февруари во Маранело, а преку Твитер италијанците открија дека во живо преку Интернет ќе го пренесуваат тој настан.

Скудерија ќе го покаже својот кандидат за титула три денови пред првиот предсезонски тест кој почнува во Понеделник на 18 Февруари во Барселона. Минатата недела италијанците преку социјалните мрежи покажаа како звучни нивниот мотор преку палење на истиот.

за 10 денови ќе го покажеме новиот формула 1 болид на ферари мишн виноу на настан кој ќе се одржи во маранело во 10.45 на 15 февруари. сите фанови и ентузијасти може да го следат целиот настан во живо преку сајтот на ферари и социјалните канали на скудерија – открија од ферари.

Според германски Auto Motor und Sport Скудерија ќе користи ден за снимање на патеката во Барселона во Недела, само 24 часа пред почетокот на првиот тест ден.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.