Фелипе Маса ќе вози Формула Е за Вентури

167

Долгогодишниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, ќе биде на Формула Е гридот следната сезона и ќе се трка за екипата на Вентури во 6та година од електричната тркачка серија.

37-годишниот бразилец е 11-кратен Гранд При победник, почна во Заубер, мина долги години во Ферари, а кариерата ја заврши во Вилијамс минатата година. Сега, Маса потпиша тригодишен договор со екипата на Вентури.

Пресреќен сум што се приклучувам на Вентури Формула Е тимот во таа тркачка серија која стана фантастично натпреварување за многу кусо време. Веќе некое време се интересиран за иновативни дисциплини и развој. Особено ми се допаѓа форматот на трките, патеките во центарот на градовите, контактот со фановите и поради тоа не можам да дочекам да почнам со тестови уште следниот месец.

Гилдо Пастор, Претседателот на Вентури, секогаш бил чекор напред кога се работи за електрични возила со силни перформанси. Екипата е во фаза на раст и развој и јас ќе направам се за да придонесам за проектот и да бидеме помеѓу првите – изјави Маса.

Во моментов Вентури вои со два болиди во серијата управувани од Марко Енгел и Едорадо Мортара и се наоѓаат на 7мо мето во шампионатот.

Чест е да му се посака добредојде на Фелипе во семејството на Вентури. Тој ни е потребен, неговото искуство, неговата брзина и неговата отвореност. Формула Е е многу комплексна серија за возење, многу повеќе од другите дисциплини, а тимската работа помеѓу возачот и инженерите е клуч за успех.

15-годишното тркачко искуство на Фелипе во Формула 1 дефинитивно ќе биде мотив з анас, а со неговата скромна природа, ќе учи и многу брзо ќе ја совлада оваа тркачка дисциплина – појасни Претседателот на тимот.


Фелипе Маса ќе вози Формула Е за Вентури

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>