Нико Хулкенберг истакна дека не бил во можност да го најде ритамот во квалификациите за Сингапурското Гранд При, опишувајќи ја сесијата како “помалку фрустрирачка“.

Возачот на Рено, ќе стартува од 10то место во својата 150 Гранд При трка како единствен возач во топ 10, особено бидејќи Карлос Саинз успеа да се пласира на само 12то место.

Хулкенберг заостаува 2,5 секунди позади времето на Луис Хамилтон и верува дека Рено имаат потенцијал да го надминат овој резултат. Во петочните сесии, германецот беше петти најбрз возач на патеката, додека во квалификациските симулации стигна до 10то место.

Сепак, 31 годишниот возач признава дека недостатокот на перформанси не се поради проблеми во болидот, ставајќи ја вината на свои рамења, истакнувајќи дека тој и болидот биле многу побрзи од петтиот ред на стартниот грид.

Помалку е фрустрирачки бидејќи имавме потенцијал да бидеме повисоко на гридот. Формата во квалификациите не беше толку лоша како што изгледа на временската листа бидејќи мојот последен обид не беше добар. Седмо или осмо место беше можно, но не успеавме.

Мора да останеме позитивни во нашата форма во трка која изгледаше добро. Менаџментот на пневматици ќе биде круцијален.

Стартувајќи со хиперсофт нема да биде лесно, но мора да бидеме најдобри што може. Сакам да имам добра трка, да оптимизиран се и да се вратам во поени – изјави Хулкенберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.