Уште еден добар резултат за Шарл Леклер

100

Возачот на Заубер, Шарл Леклер, го постигна својот трети топ 10 финиш сезонава во Монтреал, додавајќи уште еден поен за швајцарската екипа.

20-годишниот дебитант имаше солидни перформанси со пласман на 10 место, на патека која според него не одговараше на карактеристиките на болидот на Заубер по проблеми со сопирачките во Монако пред 2 недели.

Трката беше добра, многу сум среќен со резултатот. Ова се веќе четири трки на кои завршивме одлична работа и се подобруваме постојано.

Трката во Монтреал беше најтешка за нас досега. По проблемите со сопирачките во Монако, доаѓајќи на патека која е најтешка за истите, ги собравме податоците и многу добро ги менаџиравме.

Горд сум на тимот и работата која ја завршија сите. Бев возбуден да се запознаам со патеката и уживав возејќи тука – изјави Леклер.

Најдобриот момент од попладнето на Леклер беше возбудлив дуел со Фернандо Алонсо. Возачот на Заубер на крајот ја загуби позицијата, но само како резултат на стратегијата на Мекларен.

Дефинитивно се бранев од него, очигледно е тешко кога тој е позади вас. Ситуацијата не беше едноставна, но морав и да ги сочувам сопирачките. Успеавме да го задржиме позади нас, но тој не претекна преку стратегијата.

Формула 1 е многу комплицирана околина и од недела до недела само учам се повеќе, многу е тешко, а дури и за мене кој е во спортот од тригодишна возраст и не очекував да биде толку голем скок од Формула 2 до Формула 1.

Дефинитивно ми се зголемува самодовербата. Сега треба да ги собереме сите податоци и да продолжиме во позитивната насока на следните неколку трки – додаде Леклер.


Booking.com

Уште еден добар резултат за Шарл Леклер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>