Себастијан Ветел со своето Ферари беше најбрз на втората петочна сесија по Хунгароринг, возејќи време за 7 стотинки побрзо од она поставено од Макс Верстапен од Ред Бул. Даниел рикардо беше зад холанѓанецот со заостаток од 15 стотинки. Кими Раиконен беше зад Ред Бул со речиси десетинка побавно време од Рикардо.

Следни беа Мерцедес, но Луис Хамилтон заостана над 7 десетинки зад Ветел, додека Валтери Ботас доцнеше цела секунда зад најбрзиот. Гросжан повторно 7ми, но Саинз наместо Хулкенберг зад него на 4 десетинки, на 9то место Пјер Гасли од Торо Росо, а псоледен во топ 10 беше Естебан Окон од Форс Индија.

Најбавни и со неконкурентени времиња беа возачите на Вилијамс заедно со Стофел Вандорн. Валтери Ботас комплетираше дури 46 кругови, еден повеќе од Ветел и Строл, додека Нико Хулкнеберг повторно со проблематични, овој пат 23 обиколки.


6 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.