Унгарија, Т1: Рикардо, Ветел и Верстапен … па останатите

536

Даниел Рикардо од Ред Бул постави најбрзо време на првата тренинг сесија во пресрет на Големата награда на Унгарија. Времето на австралијанецот беше само 8 стотинки побрзо од она што го извозе Себастијан Ветел на Ферари, кој пак беше само стотинка побрз од Макс Верстапен од Ред Бул.

Кими Раиконен беше со 4то време и над 3 десетинки заостаток зад најбрзиот, но беше цела десетинка побрз од победникот на последната трка, Луис Хамилтон. Валтери Ботас имаше над 8 десетинки заостаток и беше најбавен од првата шесторка.

Роман Гросжан беше најбрз од останатите, половина десетинка пред Нико Хулкенберг од Рено, кој беше десетинка пред својот колега Карлос Саинз, додека Кевин МАгнусен беше последен во топ 10.

Само 11 возачи беа во две секунди, Маркус Ериксон имаше заостаток од 3 секунди зад Рикардо, а половина секунда беше побавен од Антонио Џовинаци кој денеска го менуваше Шарл Леклер.

Во однос на бројот на круговите, Ленс Строл успеа да комплетира дури 33, еден повеќе од Карлос Саинз и Брендон Хартли. Маркус Ериксон и Нико Хулкенберг забележаа само 12 односно 14 кругови по Хунгароринг.


Унгарија, Т1: Рикардо, Ветел и Верстапен … па останатите

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>