Позната Формула 1 поговорка која важи веќе пет години е кога Луис Хамилтон води, тогаш Луис Хамилтон победува. Британскиот актуелен првак рутинирано победи предавајќи го водството на Себастијан Ветел само кога промени гуми.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ова беше победа број 5 за Луис во Унгарија, негов 7ми подиум на истата патека, победа број 67 во кариерата и подиум број 126 во кариерата. “Сребрените“ стигнаа до 81ва победа и 168ми подиум во нивната историја. Во последните 13 години само 5 пати победил тој што ја освоил пол позицијата, но Хамилтон беше 6ти од 14 трки.

Во последниот дел од трката болидите на Ферари го минаа до Валтери Ботас, Себастијан Ветел стигна до 6от подиум во Унгарија и негов 107ми во кариерата, додека за Кими Раиконен ова беше рекорден 9ти подиум крај Будимпешта и негов 99ти во кариерата.

Даниел Рикардо во последниот круг стигна до 4то место минувајќи го Валтери Ботас, Гасли финишираше најдобар од останатите, Хаас со 7мо и 10то место, 4 поени за Алонсо, а два за Саинз.

Откако вчерашните дождливи квалификации беа одработени со интермедиа и сини гуми за дожд, екипите имаа слободен избор на гуми за старт,топ 10 возачите сите почнаа на ултрасофт, освен Ветел и Саинз кои тргнаа од 4то и 5то место со софт компонентата.

Стартот беше возбудлив, Кими тргна и ги нападна Мерцедес, но не успеа да мине, а Ветел иако тргна “тромо“ се созема и го превзема 3то место на својот тимски колега. Одличен старт имаше и Макс Верстапен кој од 7мо место ги мина Саинз и Гасли и се позиционираше на 5та позиција.

На стартот имаше и инциденти, Шарл Леклер влезе во сендвич помеѓу Окон и Перез кои го притиснаа и трката мораше да ја заврши само по неколку кривини. Проблеми имаше и Даниел Рикардо кој се судри со Маркус Ериксон со предното лево тркало и од 12то стартно место падна дури на 16то.

Макс Верстапен со својот Ред Бул РБ14 успеа да комплетира само 6 кругови пред да се откаже. Холанѓанецот беше гневен и пцуејќи го напушти болидот, а првичната изјава на Кристијан Хорнер беше дека се работи за проблем со кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата. Излегувањето на Верстапен предизвика појавување на Виртуелно безбедносно возило.

Во 15от круг Кими Раиконен беше прв што влезе по свежи гуми и од ултрасофт промени на софт, а се чини дека истото беше направено за да го натера и Ботас во бокс со цел да му се отвори место на Ветел да го “брка“ Хамилтон. Валтери промени уште следниот круг, Кими од 4то падна на 6то место, а Ботас од 2ро на 4то.

Првите 20-тина кругови беа во знакот на Даниел Риакрдо кој минуваше болид по болид пред себе, а во 17от круг го мина Карлос Саинз за 7мо место,4 кругови подоцна Магнусен за 6то, а во 27от круг и Пјер Гасли за 5то.

Истиот тој 17ти круг Раиконен го мина Магнусен позиционирајќи се на 5то место, а Ботас го превзеде 3то место на Пјер Гасли. Кими стигна до 4то место минувајќи го Гасли во 22от круг.

Во кругот број 24 Луис Хамилтон го направи своето единствено застанување во бокс  по софт гуми и излезе зад Ветел, на 2ро место.

Кими Раиконен жестоко го притискаше Валтери Ботас и во 39от круг влезе по нови гуми, менувајќи ги своите софт со друг сет, користени во Петок, а следниот Круг своето застанување го имаше и Себастијан Ветел монтирајќи ултрасофт. Но, менувањето на Себ беше над 5 секунди, што му дозволи на Ботас да го превземе неговото 2ро место. Најдолга прва серија од 45 кругови имаше Даниел Рикардо.

Стофел Вандорн успеа да остане на патеката 51 круг пред да се откаже поради проблеми со менувачот и тоа додека беше во поени.

Од 50от круг болидите на Ферари беа залепени зад Валтери Ботас чекајќи да попуштат неговите задни гуми за да ја превземат неговата позиција откако Хамилтон избега 15-тина секунди во водство со празна патека пред себе.

Кругот број 65 беше моментот кога Ветел нападна на првата кривина, Ботас се одбрани, Себ проба однадвор на следната и мина, но финецот претера со доцното запирање и го закачи задниот дел на Ферари, нанесувајќи штета само на својот болид.Во истиот момент тој загуби позиција и од Раиконен по што падна на 4то место.

Три кругови подоцна финецот ја губеше својата потисна сила и беше нападнат од Даниел Рикардо на првата кривина. Возачот на Ред Бул се обиде однадвор, но Ботас буквално влета во него и го истурка со оштетување. Во последниот круг Даниел повторно нападна, а Валтери доби наредба од тимот да го пропушти по што заврши на 5то место.

Предноста на Луис се зголеми на 24 поени, додека Раиконен заостанува дополнителни 43 зад Ветел. Валтери Ботас е 4ти со 132 поени, само 14 повеќе од Даниел Рикардо. Макс Верстапен е на 6то место со 105 поени, 7ми е Хулк со 52, 7 повеќе од Магнусен, кој е поен пред Алонсо.

Кај тимовите, предноста на Мерцедес е само 10 поени, додека Ред Бул се безбедни на 3то место. Рено се 4ти со 82 поени, 16 повеќе од Хаас. додека американците имаат предност од 7 поени пред Форс Индија.


37 КОМЕНТАРИ

    • Браво за коментарот Фансс требаше порано да направи притисок врз Ботас тој беше со нови гуми го почитувам твоето мислење иако сум фан на Мерцедес .

  1. Shhhhh! Glas da me cujam za ovaa trka .. Botas pobedi zosto na mockovo 7 sec mu bea malku pa plache po radio za da go zrtvuvaat Botas da gi koci site ostanati .. pa uste i go UDRI Vetel … SRAMOTILACI za tim kako Mercedes da mocaat u gakji od strav od direkten duel!

    • Го удри Ветел намерно, и секако поминаа пак неказнето.Потоа и Рикиардо беше намерно удрен и под знак прашалник е дали воопшто ќе има некакви санкции.

    • Nedzati Dzelo nema oprqvduvanje .. ako mu bea stari gumite so ne gi smeni …. ao ne izleze od oateka … nema.oprqvduvaduvanke da go udrish konkutentot i bash onoj koj pretendira na titula … a da mu dupneshe guma (sto i mu beshe celta) … ke ostaneshe Vet bez bodovi … pa taka 2 pati u sezona da napravi toa se 50 poeni razlika … sramota e toa sto go napravi …

    • Božo Lažetić jas ne go opravduvam botas nikako i to so ne gi smena gumite e pogresnata strategija koja ja imaa vo mercedes…neli i raikonen go cukna hamilton pred nekoja trka? Se slucuva se e mozno…e sega so ne bese botas korekten i sprema rikiardo trebase pogolema kazna

    • Pred taa i Botas go udri Fetel u Francija … se soglasuvam so tebe .. ama ova beshe apla … ne ide taka .. ne e dobro za F1 .. sakam trka da gledam .. a ne aj ti shibaj napred ja ke gi kocham ovie pozadi … neide

  2. 1997 година дуел Вилнев – Шумахер, дуел за титула, и замислете, дисквалификација, но тогаш возеа фраери, сега повеќе медиумски дроци и самобендисани шампиони кои кога не им оди, тврдат дека се намерно чукнати, но затоа кога победуваат со помош на ФИА, им се случило чудо, тоа е таа неконзистентност на денешната Ф1 и низата спорни одлука на водечкото тело на Ф1, срамна улога на ФИА во оваа фарса, Мерцедес конечно доби ајкула во базенот, ама со заштитена сорта нема натпреварување.

    • Еден е проблемот кој Ветел не успеа да го престигне Ботас, а друго е заштитничкиот однос на ФИА кон Мерцедес веќе две трки, некни Хамилтон сега Ботас, се бара само правда и рамноправност.

    • Odlicna digresija so duelot Vilnev-Shumaher…ama imase uste eden Hill-Shumaher,samo ne e bas taka se….samo da ve potsetam Mercedes go nemase 40 godini vo F1…eve interesna tema za diskusija…koj mu bese kriv na Ferari vo toj period…?

    • Zeljko Stojanovski i toa e tocno! … ama ne e korektno da go udri odkako go pomina .. inaku Ferrari ja izgubi trkata SAMO poradi 2sec poveke za zamena na prednoto tkalo vo boksot … da go sredea toa praviono ke izpezese Vetel pred Botas i ke go stigneshe i prestigneshe Hamilton so super softot! .. inaku jas za Ferrari navivam 🙁 ama ova e realnosta!

    • i toa e tocno i ja stojam na toa deka botas realno trebase moze i pogolema kazna da dobie a inace jas za bilo koj tim i da vozi hamilton ja sum za nego a tim kako tim za nikoj ne sum

    • Istoto e i so raikonen…raikonen bese poblisku do vetel odkolku vetel do botas…samo raikonen ne smeese da pomisli i da proba da go pretekni vetel ako bese pobrz

  3. Драги фераристи, вината барајте си ја кај Ветел. Прашајте се дали вака ке изиграше Шумахер да беше на негово место…ќе го згазеше Ботас со нови супер меки гуми

  4. Navivajte kako mene za vozac a ne za tim ke vi bide poubavo. Site timovi se isti bitno e koj kolku zarabotuva vo ovoj biznis. Na zalost jas rekov i ke se povtoram ova ne f1 sto ja poznavav porano sega e golem biznis . Nema ni s od sport vo f1. Napred ALONSO.

  5. I na ovaa a i na prethodnata trka Ferari sami zeznaa. Poklasicna greška beše na ovaa trka koga zgresija pri promena na gumite na Vetel. Trebaa toa da go napravat 2 kruga porano koga imaa prednost poveke od 22 sec vo odnos na Botas. Vo toj slučaj Vetel ke izlezese pred Botas I ke imase otvoren pat da go brka Hamilton. Ungarija e mnogu teška za predtignuvanje. 96 ili 97 Dejmon Hill so Yamaha uspea da bide 2 a skoro cela trka vodese pred Viliams. Yamaha imase krš od bolid no uspea da go zadrži bolidot na Viliams skoro cela trka pozadi niv. Greška na Ferari

  6. Абе бегај таму срамота невидена ај со наредба да го успорува туку сакаше тотално да го уништи само фетел ако може ни бод да земе повеќе би прифатил да го направи тоа хамилтон али он нема муда за такво нешто вака може ботас срамота за ништо не ги казнија ни за прошлата ниту за оваа а да не зборам што ферари цело време беа надгледувани ради болидот имало нешто неисправно. Тешки ѓубриња се мерцедес кога доминираа никој не бараше испутавање ма нив и сега кога ги стигнаа све им смета поготово на хамилтон стазите не биле добри не знам гумите на нивно барање ги сменија и еден куп работи плачковци за срамота сте

  7. Дека Ботас е возач број 2 во Мерцедес се виде на трката во Германија, но на оваа беше дрско злоупотребен од страна на Мерцедес да ги успори Ферари колку е можно повеќе за балерината да може да победи.

  8. A, da go kaznat mehaniCarot na Vettel koj ho zadrZa dopolnitelni sekunda-2 i posle boksot beSe pominat od Bottas? Ili Cekajte, Cekajte… MoZebi i mehaniCarot na Ferrari ‘raboti’ za Mercedes?!!?!? I’m just saying!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.