Претседателот на Нисан и Претседател и Главен извршен директор на Рено, Карлос Госн е уапсен за финансиски малверзации денеска и ќе биде отпуштен од Бордот на компанијата неделава.

Госн е една од најпрепознатливите фигури во глоалната автомобилска индустрија. Од Нисан изјавуваат дека интерната истрага започната по информација од неименуван извор открила дека Госн користел пари од компанијата за личини цели и не пријавувал точно неколку години по ред за неговата заработувачка.

Главниот извршен директор на Нисан, Хирото Саикава изјави дека Госн имал преголема моќ сконцентрирана во своите раце и уживал статус на супер ѕвезда во Јапонија откако го вратил од мртвите нивниот обожаван Нисан. Саикава не можел да открие детали за злоупотребите на Госн, но малверзациите биле сериозни и неприфатливи, поради што на следниот состанок на Бордот во Четврток, ќе предложи да му се врачи оставка на Госн.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека Владата ќе се вклучи во истрагата поради фактот што државата е најголем акционер во Рено. По веста, акциите на Рено паднаа 11% на Париската берза и во моментов се помеѓу најлошите акции во Европа, додека вредноста обврзниците на Нисан на Германската берза се намали за 10%.

Карлос е познат под прекарот “Убиец на трошоците“ (“Le Cost Killer”) поради неговата бескорпулозност при намалување на трошоците во компаниите со кои раководи, а во Јапонија остана популарен и покрај отпуштањата кои донесоа шпекулации во врска со неговаа огромна плата. Јапонските медиуми пренесуваат дека неговата годишна плата изнесувала околу 9 милиони американски долар.

Рено поседува 43,4% од Нисан, додека Нисан поседува 15% од Рено, акции кои се без право на глас согласно партнерскиот договор од 1999 година. Од 2016 година Нисан држи контролирачки пакет од 34% од акциите на Мицубиши.

Либанскиот иселеник родум од Бразил со француски дражвјанство ја започна својата кариера во Мишелин од каде мина во Рено, а од 1999 година и во Нисан. Ву Јуни, акционерите на Рено му одобрија на Госн плата од 7,4 милиони евра годишно.

Тој е голем поддржувач на Формула 1 програмата на Рено и беше клучен во враќањето на францускиот производител со фабричка екипа во врвот на моторспортот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.