ТЦР Европа: Прекината трката поради Иџе

724

По само неколку изминати кругови на втората трка на Пол Рикар во Франција, нашиот Игор Стефановски Иџе излета од патеката. Тој имаше контакт со еден од конкурентите по што се изврте и силно се заби во заштитната ограда. По само неколку кругови под жолто знаме на патеката се развиори црвеното знаме и трката беше прекината.

Сеуште нема информации за здравствената ситуација за нашиот возач.

Откако продолжи трката неколку возачи променија на гуми за дожд но тоа не им се исплатеше бидејќи дождот запре и патеката почна да се суши. Вернај се обиде да го задржи водството, но вчерашниот победник Боркович го помина во последниот круг. Даниел Наѓ заврши повторно на подиум во фотофиниш со Франциско Мора. Комини падна на 10 позиција и освои поени а помеѓу нив беа Микел Азкона, Атила Таси, Рено Мулер, Дани Кроес и Лорис Ченчети.

Со две победи на првите трки, Боркович направи разлика и има 55 поени пред Наѓ со 36, Азкона 29 и Вернај 26.


ТЦР Европа: Прекината трката поради Иџе

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>