Нашите двајца возачи, Игор Стефановски со Хјундари и Виктор Давидовски со Хонда стигнаа до 15то односно 20то место во конкуранција на 28 автомобили на првата трка од претпоследниот тркачки викенд во ТЦ Европа тркачката серија. Иџе стартуваше од 24то место, позиција зад Виктор, откако беше побавен за речиси две стотинки од него на вчерашните квалификации.

Очекувано, Ауди со Вернеј победи на трката, пред Азкона на Сеат, Фајлс и Поти на хонда и Борковиќ на Хјундаи на трката на која имаше две безбедносни возила.

Во генералниот поредок, Азкона води со 154 поени, 10 повеќе од Борковиќ, Вернеј заостанува дополнителни 14 зад србинот, но е 6 пред Наѓ. Стефановски со своите 6 поени од Пол Рикар останува на 18то место, а Давидовки иако често завршува трки, сеуште нема поени.

Втората трка се вози утре во 10 минути по 12 часот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.