Игор Стефановски на своето Хјундаи заврши на 15то место на втората трка во Италија, а Виктор Давидовски со Хонда беше веднаш зад него што не е лош пласман ако се земе во предвид дека стартуваа од 23то односно 24то место во конкуренција на 28 возачи.

Ауди со Верне повторно победи овој пат пред Таши и Поти на Хонда, додека еден од кандидатите за титула, србинот Душан Борковиќ не заврши, а шпанецот Азкона кој е лидер во поредокот беше 5ти.

Во возачкиот поредок Азкона води со 19 поени предност пред Верне, Борковиќ е поен зад французинот, Таши е 4ти со 121 поен.

Титулата ќе се решава во Барселона на последниот тркачки викенд од ТЦР Европа серијата кој ќе се вози на 20ти и 21ви Октомври.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.