Спортска Регулатива

На секоја трка сите возачи може да учествуваат во две петочни тренинг сесии со траење од час и половина, саботна тренинг сесија од 1 час и саботни квалификации.

Иако индивидуалните тренинг сесии не се задолжителни, возачот мора да учествува во барем една тренинг сесија за да може да учествува потоа и во трката.

Интервалот помеѓу првиот и вториот тренинг не смее да биде помалку од 2 и пол часа, додека помеѓу третиот тренинг и квалификациите тој интервал мора да биде најмалку 2 часа.

Стјуардите имаат право да ги казнат возачите со грид места за прекршоци во тренинг сесиите.

Саботната квалификациска сесија е составена од 3 сегменти, К1, К2 и К3 и е со времетрање од 1 час.

Во секој квалификациски сегмент на патеката ќе излезат повеќе возачи, а истите имаат право да извозат колку кругови сакаат.

К1: Трае 18 минути, на крајот 5 возачи се елминирани, а 15 напредуваат во К2. Секој возач чие време по круг е побавно за 107 проценти од најбрзиот кргу во таа сесија, може да учествува во трката само по одлука на стјуардите.

К2: По кратка пауза, времињата се ресетираат за останатите 15 болиди и започнува нов сегмент, овојпат од 15 минути, на крајот на чиј 5 најбавни болиди се елиминирани од квалификациите, оставајќи ги останатите 10 да земат учество во К3.

К3: По уште кратка пауза, во текот на 12 минути останатите болиди возат за пол позиција, како и за стартниот поредок на топ 10.

Грид казните поради технички или возачки прекршоци често доведуваат до промена на стартниот поредок.

Доколку еден возач блокира друг возач, неговото време може да биде избришано и да добие грид казна.

Секој возач чиј болид ќе застане на патеката за време на квалификациите не смее да учествува понатаму во сесијата.

Секој болид кој ќе застане на патеката и кој ќе биде вратен во боксовите пред крајот на сесијата, ќе биде задржан во parc fermé до крајот на сесијата. Ова е поинаку од тренинг сесиите, кога болидите кои се вратени во бокс, имаат право да учествуваат и понатаму.

Трофеј се доделува на возачот кој ќе има најмногу пол позиции во една сезона. Во случај тоа да е повеќе од еден возач, бројот на втори позиции ќе бидат одлучувачки фактор и доколку повторно има изедначен број, тој кој има најмногу трети места и понатаму ќе биде победник.