Џорџ откри дека фактот што доста рано потпиша со Ландо Норис за 2019 година многу му помогнало да го финализира својот договор со .

Уште во Септември од Вокинг потврдија дека Ландо ќе биде унапреден во Формула 1 за 2019 година. Расел успеа да стигне до титулата во Формула 2 серијата, откако водеше во најголем дел од првенството, откако пред крајот на тамошната сезона си обезбеди договор со Вилијамс.

тоа што ландо многу рано беше потврден за мекларен, ме поттурна кон вилијамс. бев пред него во првенството, мекларен веруваа дека тој е доволно добар за формула 1 место и тоа беше одлично и за мене. веројатно тој момент стави поголем притисок и над вилијамс кои си рекоа дека паметно би било да ме земат затоа што победувам во формула 2 – објасни расел.

По последниот тркачки викенд, Џорџ имаше 68 поени предност пред Ландо во поредокот, победи 7 пати, со што дојде на исто ниво со Стофел Вандорн и Шарл Леклер.

беше долга и тешка година за мене и за АРТ. работевме напорно и веројатно од Баку бевме еден од најбрзите болиди на патеката. имавме некои проблеми од кои бевме фрустрирани, но проблеми имаа и конкурентите и беше тешко да се победи затоа што борбата беше изедначена.

пол позицијата во абу даби беше премногу емотивна за мене, јасно е дека знаев оти морам да ја освојам за да ја завршам сезоната во добар стил – заврши расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.