Тото “ѕирка“ кон Верстапен

227

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не негира дека е можно да даде понуда до Макс Верстапен да се приклучи кон нив, штом завршат неговите договорни обврски кон Ред Бул во иднина. Младиот холанѓанец лани потпиша со Милтон Кинс договор кој го врзува за нив до 2020 година.

Луис Хамилтон сеуште нема нов договор со Мерцедес, а во прашање е колкава би била важноста на истиот со оглед на тоа што веќе има 33 години. Тото Волф од своја страна не крие дека му се допаѓа стилот на возење на МАкс.

Тој е еден од најталентираните и бестрашни возачи во моментов. Сепак, ако одлучи да остане со Ред Бул до 2020 година ние го почитуваме тоа, но би требало да разговараме за потоа – појасни Тото.

Мерцедес се поврзуваат и со ангажман на сегашниот колега на Макс, Даниел Рикардо, кој е без договор по крајот на оваа тркачка сезона.


Тото “ѕирка“ кон Верстапен

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>