Шефот на Мерцедес, Торо , изјави дека тимската наредба по која Валтери Ботас му ја предаде победата на Луис Хамилтон на Руското Гранд при годинава му го скршила срцето.

Борбата за возачката титула сезонава беше изедначена во првиот дел од првенството, така што “сребрените стрели“ морале да донесат одлука целосно да го поддржат Хамилтон за да направи поголема разлика во однос на својот конкурент од Ферари, Себастијан Фетел. Ботас во Сочи имаше пол позиција и водеше во голем дел од трката, но ги почитуваше тимските наредби и го пропушти својот колега и ја штитеше неговата позиција. На две трки пред крајот на сезоната, Хамилтон стана првак, а Валтери финишираше година без победа.

моравме да ја извршиме таа ужасна тимска наредба. тркатса требаше да ја добие валтери, но со цел да донесеме повеќе поени кај луис, одлучивме да ги замениме. тоа е нешто што никој не го посакува, никој не беше задоволен со таквиот расплет на настаните, тоа беше очигледно, а не бев задоволен ни јас затоа што тоа се коси со нашите принципи. во тој период имавме навистина теша борба со ферари и немаше шанси да оставаме нешто на случајноста.

кога валтери се помести и го пропушти луис, срцето ми се скрши за него затоа што се чувствував ужасно, но овој спорт може да биде суров понекогаш, а ова беше таков момент – објасни волф.

Самиот Хамилтон откри дека се чувствувал чудно и непријатно по таквата победа и се надева дека Мерцедес никогаш нема да има потреба да го повторува тоа.

беше тешка трка за мене. никој не сака да предава позиции, само седнуваме и се бориме за позиција на патеката, а валтери беше побрз од мене тој викенд и заслужи да победи.

беше чудно кога го добив повикот дека валтери ќе ме пропушти, а јас реков нешто како да му се каже побрзо да го направи тоа. не е начин на кој сакам да победувам, кога минав низ целта бев збунет затоа што во срцето знаев дека не требаше да биде така.

но, како во животот така и во тркањето мора да ги зграбите приликите и моментот и да ги оставите чувствата на страна затоа што не излегува се како што планирате. остатокот од трката сакав да му ја вратам позицијата, но се држев до тимската одлука затоа што знаев дека тие се во право.

тоа беше важен ден за тимот, беше тешко за валтери, но тој здоби огромна почит од сите. се надевам дека никогаш повеќе нема да имаме потреба за такво сценарио – се присетува хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.