Тото е свесен дека сите сакаат неочекувани победници “од сенка“, но е оптимист дека фановите и следната година силно ќе ги бодрат на патот кон својата 6та последователна двојна Формула 1 титула.

Од почетокот на В6 турбо хибридната ера германците се единствен тим кој освојува титули, а кај возачите Луис Хамилтон освои 4 со нив, а Нико Розберг една. Од вкупно извозените 100 трки во таа ера, Луис победи на дури 51, додека Ферари и Ред Бул се двете екипи кои заедно со “сребрените“ стигнуваат до подиуми.

во природата на секој фан е да се бодри послабиот, а оние кои често победуваат станувааат не многу допадливи. она што ние се обидуваме да го направиме е да пристапиме на спортот и на нашето учество со голема скромност, ништо да не земаме здраво за готово и никогаш да немаме чувство дека сме предодредени да победуваме.

доколку останеме до одреден степен верни до тие вредности ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата база на фанови кои константно не следат и бодрат иако имаме 5 двојни титули по ред – објасни волф.

Лани Мерцедес самите се претставија како послаба екипа во однос на Ферари во првиот дел од сезоната, но годината на крајот се покажа одлична за нив. Победија во ДТМ, во Формула 2 нивниот Џорџ Расел стана првак, а Мик Шумахер стигна до Европската Формула 3 титула со мотор на Мерцедес. Луис победи на 11 трки и во моментов е на само 18 од рекордот на Шумахер од 91 победа.

имаме две групи, едни кои ги бодрат нашите конкуренти и се надеваат дека мерцедес нема да продолжат со исто темпо, а другата голема група смета дека и вака е возбудливо. дали ќе стигнеме до рекордот на ферари и дали хамилтон ќе стигне до рекордот на шумахер е интересно да се види.

Само Ферари и Мерцедес имаат 5 последователни двојни титули по ред, а италијанците имаа 6 конструкторски по ред.

силно сме мотивирани да стигнеме рамо до рамо со ферари, така шт 6та титула следува.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.