Тото: Следните правила може да донесат промени

192
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека аеродинамичките промени кои ќе стапат на сила следната година може да донесат промени во поредокот доколку некои тимови успеат подобро да се снајдат од други со новите регулативи.

Новото предно крило треба да биде 200 милиметри пошироко и 25 милиметри подлабоко, да има поедноставен дизајн со што ќе се подобри претекнувањето.

Промени ќе има и кај вшмукувачите за воздух кои ги ладат сопирачките како дел од пакетот кој треба да го подобри тркањето преку олеснување на следењето помеу болидите.

Новите правила добија потврда летово, поточно во месец Јули, но следуваа дополнителни состаноци за да се затворат “дупките“ во правилата кои може да произлезат.

Најголема промена следната година секако дека ќе бидат новите аеродинамички правила. Тоа може да промени многу работи, некои можеби ќе најде некоја “дупка“ што другите не ја гледаат, некаква иновација или ќе ги разберат правилата порано од другите.

Мислам дека ќе има голема варијабилност во имплементацијата следната година, а може да видиме тимови кои одеднаш ќе станат многу конкурентни – смета Волф.

Мерцедес има победено на 72 трки од почетокот на 2014 година откако правилата комплетно се променија, нешто што “сребрените“ и тоа како го искористија прекинувајќи ја доминацијата на Ред Бул и нивните 4 последователни двојни титули.

Можеби и Ред Бул од почеток ќе бидат многу конкуренти затоа што гледаме дека повеќе не се следи никаква шема, една екипа е брза на една патека, друга на друга. Со моторот на Хонда тие може да добијат посилен агрегат, а како екипа и онака се одлични.


Тото: Следните правила може да донесат промени

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>