Тото сака ДРС нон стоп

246
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека ДРС треба да биде користено по желба на возачот, а не само на две или три зони на самата патека каде истото е дозволено. Австриецот го предлага ова со цел драматично зголемување на претекнувањето.

Кога се работи за системот за намалување на драг силата или скратено ДРС, многу луѓе го критикуваат истиот поради фактот што во многу го оленува претенувањето со притискање на едно копче, но Тото има целосно спротивно гледиште дека треба повеќе ДРС.

Колку повеќе можности за претекнување има, толку повеќе јас го сакам ДРС. Јас би направил правило системот да биде дозволен на целата патека и да видиме кој ќе има храброст да го отвори на кривина. Но, ФИА не го дозволува тоа – изјави Волф во своето интервју за австриска ORF.

Тој се осврна и на казните по трката, сметајќи дека казни во текот на трката не треба да има, туку истите да се одлучуваат по крајот на истата.

Можеби треба одново да го обмислиме целиот систем на казни и истите да се даваат на крајот од трката. Но, тоа е цела нова дебата која во моментов е неодржлива – заврши Волф.


Тото сака ДРС нон стоп

1 Коментар

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>